Scroll Top

Чупино Вертикал 5К 1030 D+

Чупино вертикал е трка во дисциплината вертикален километар во која натпреварувачите искачуваат околу 1 км висинска разлика во должина од максимум 5 км со дозволена отстапка од 5-10%.
Tрката е со должина од 5000 м и висинска разлика од 1030 м. Стартот е од центарот на с. Блатец во 10.00 часот, а финишот на врвот Чупино без временско ограничување.
Со оглед на датата на одржување (25.02.2024) и зимските услови во кои очекуваме да биде, трката е предвидена за искусни тркачи, планинари, алпинисти.
Прогласувањето на победниците ќе биде во с. Блатец каде по завршувањето на трката  ќе има топли пијалоци, и храна за сите учесници.

Правила

  • Трката е отворена за сите, мажи и жени, над 18 години.
  • Учеството на трката е на лична одговорност и организаторот не превзема никаква одговорност во случај на повреда, несреќен случај или смрт;
  • Секој учесник е лично одговорен за своите постапки на и околу патеката, особено при прекршување на законите на Република Македонија
  • Од учесниците се бара да бидат комплетно свесни за должината и спецификациите на трката и да бидат целосно спремни за истата;
  • Да имаат стекнато способности и вештини за самоодржување во планински услови, справување со промени во микроклимата (дожд, магла, ветер, снег, темница, ниски температури);
  • Да можат да се справат со изолација, физички и ментални проблеми, дигестивни тегоби, болка во локомоторниот систем;
  • Да бидат целосно свесни дека не е должност на организаторот да помага во справување со претходно набројаните проблеми и тегоби
  • Со самото пријавување на трката секој натпреварувач во електронската форма за пријавување потврдува дека е свесен за опасностите од натпревар во природа и го презема ризикот на себе.

CHUPINO VERTICAL 2024

25.02.2024

0
Денови
0
Часови
0
Минути
0
Секунди

Задолжителна и препорачана опрема:

 

Опрема Трка
Чупино вертикал
Стартен број, јасно видлив, прикачен на предниот дел задолжително
Сад за вода препорачано 0,5л
Астро фолија задолжително
Свирче задолжително
Јакна водоотпорна /ветроотпорна задолжително
Вклучен мобилен телефон и батерија полна најмалку 95% пред Стартот задолжително
Капа/бандана

Камашни

препорачано
Енергетска храна, гел

Планинарски стапови

Прва помош

 

препорачано

 

 

Натпреварувачите се должни да ја носат ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА​ опрема со себе во текот на целата трка. За непоседување на едно парче од задолжителната опрема следуваат пенали од 30 минути,  за две следува дисквалификација.

За непоседување на едно парче од задолжителната опрема следуваат пенали од 30 минути,  за две следува дисквалификација.

Стартни Пакети

Сите учесници во стратните пакети ќе добијат :

  • Стартен број
  • Чупино треил брендиран подарок
  • Храна и освежителни пијалоци на целта
  • Финишерски медал
  • Подароци од партнерите на трката

Награден фонд:

Првите тројца натпреварувачи  во машка и женска конкуренција, како и  најдобрите Ветерани ќе добијат гратис учество за трките Чупино треил 2024 и Бумбарска треил 2024 како и подароци од спонзорите.

Котизација

Чупино Вертикал  – 400 МКД / 6.5 ЕУР

(на лице место, пред стартот на трката)