Чупино треил 40К 2000 D+

Чупино треил 40К е вистински предизвик за тркачи.
Стартот на трката е од Градскиот парк во Виница на 370 м.н.в. Патеката минува низ с.Липец (7км) и с.Блатец (10км) од стартот со 350 м. искачување. Од с. Блатец започнува и најпредизвикувачка патека за искачување до врвот Чупино каде 6.5 км. се со 1000 м. искачување. Како мотивација зас искачување до врвот, по пат добивате прекрасни погледи на Осогово (север), Кадиица(исток), Пирин (позади Кадиица), Рила(исток), Беласица(Југ), Кожув (Југ), Јабланица (запад), Шар Планина (запад), и ако имате среќа на убав чист сончев ден ќе го ѕирнете и Митикас, Грција(Југ). Од Чупино, патеката се спушта југо-западно по сртот до Алтитекне па следи селото Градец. Од тука следува уште едно искачување до Шипоко за на крај добивате прекрасното спуштање до Виничкото Кале и до градскиот парк каде што ќе биде и Целта на трката. По пат има 5 чешми и тоа на 10, 13, 16, 21 и 25тиот километар

CHUPINO TRAIL
1.09.2019

до почетокот на трката

Задолжителна и препорачана опрема:

 

Опрема Трка
Чупино треил Бумбарска треил
Стартен број, јасно видлив, прикачен на предниот дел задолжително задолжително
Сад за вода задолжително 1 литар задолжително 0,5 литри
Астро фолија задолжително препорачано
Свирче задолжително задолжително
Јакна водоотпорна /ветроотпорна задолжително препорачано
Вклучен мобилен телефон Задолжително задолжително

Капа/бандана

Енергетска храна, гел

Планинарски стапови

Прва помош

Препорачано

 

Натпреварувачите се должни да ја носат ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА​ опрема со себе во текот на целата трка. Организаторот има право да направи проверка на некоја од контролните точки.

За непоседување на едно парче од задолжителната опрема следуваат пенали од 30 минути,  за две следува дисквалификација.