Scroll Top
Бумбарска треил 16К 550 D+

старт: 26.08/2022, 08:00 Градски парк Виница
должина: 16 km
искачување: 550 m D+
симнување: 550 m D-
временски лимит: 3ч
освежителни станици: 2
котизација: 600 мкд

Бумбарска треил 16К 550Д+

Бумбарска треил, трка предизвик за почетници во планинско трчање. Стартот е заедно со Чупино треил од градскиот парк во Виница и се движи покрај Виничка река се до м.в. Ширина од каде покрај метеоролошката станица се продолжува по патот за с Липец, на 6-тиот километар кај Бумбарска чешма ќе биде поставена првата контролна точка и освежителна станица од овде преку Виничка река се трча до с Градец каде ќе биде поставена втората контролна точка и освежителна станица, а потоа се искачува патеката до Шипоко по што следи финалниот спуст до Виничкото кале и Виница, а последниот километар од патеката е по Виничкото “Корзо” се до целта во Градскиот парк.

Задолжителна и препорачана опрема:

 

Опрема Трка
Тринити ултра треил Чупино треил и Бумбарска треил
Стартен број, јасно видлив, прикачен на предниот дел задолжително задолжително
Сад за вода задолжително 1 литар задолжително 0,5 литри
Астро фолија задолжително препорачано
Свирче задолжително задолжително
Јакна водоотпорна /ветроотпорна задолжително препорачано
Вклучен мобилен телефон Задолжително задолжително
Капа/бандана

Енергетска храна, гел

Планинарски стапови

Прва помош

Препорачано

 

Натпреварувачите се должни да ја носат ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА​ опрема со себе во текот на целата трка. Организаторот има право да направи проверка на некоја од контролните точки.

За непоседување на едно парче од задолжителната опрема следуваат пенали од 30 минути,  за две следува дисквалификација.

Стартни пакети:
  • Стартен број
  • Брендирана техничка (dry fit) маица
  • Храна и освежителни пијалоци во текот на трката
  • Финишерски медал
  • Подароци од партнерите на трката
  • Финишерски оброк
Награден фонд
  • 1во место
  • 2ро место
  • 3то место

CHUPINO TRAIL
27.08.2022

CHUPINO VERTICAL 2024

25.02.2024

0
Денови
0
Часови
0
Минути
0
Секунди

до почетокот на трката