За Чупино Треил

Chupino Trail е креација на The Running Squad – екипа рекреативци со различна спортска историја. Ниту еден од The Running Squad не се занимавал професионално со спорт, но спортот е дел од нивниот живот околу 25 години. Со постепениот раст на рекреативното трчање и организираните маратон-трки во Македонија, прашање беше само на време кога Плачковица ќе биде искористена за тоа.

Плачковица не спие, секој викенд нејзе и прават друштво планинари, велосипедисти и во последниве 2-3 години маратонци. Патеките кои минуваат низ густа шума,покрај чешми и потоци, даваат прекрасно чувство на релаксација и мир.

Ние како рекреативци, одлучивме нашите тренинзи на Плачковица да ги споделиме со сите оние кои уживаат во планинското трчање, велосипедизам и пешачење.

Сакаме Chupino Trail да стане редовен рекреативен настан на календарот; учесниците да ја запознаат Плачковица и да ја користат за нивни тренинзи; да се рушат Лични Рекорди; да биде “Главен тренинг“ за некои од маратони/трејл трки кои следат после Chupino Trail; и така натаму.

Настанот има голема подршка од Општина Виница и голем број на компании кои учествуваат со спонзорство и доброволно помагање во одржувањето на настанот. Ова е спортско случување кое јасно ќе ја обележи Виница на спортската мапа на Балканот.

30 Км 1800 Д+

Чупино треил 30К е вистински предизвик за тркачи.
Стартот на трката е од Градскиот парк во Виница на 370 м.н.в. Патеката минува низ с.Липец (7км) и с.Блатец (10км) од стартот со 350 м. искачување. Од с. Блатец започнува и најпредизвикувачка патека за искачување до врвот Чупино каде 6.5 км. се со 1000 м. искачување...

Дознај повеќе
13 Км 800 Д+

Бумбарска треил 13K, трка предизвик за почетници.
Стартот е заедно со Чупино траил од градскиот парк во Виница по што следи искачување до расклонот пред с.Липец. Тука Бумбарска трејл се разделува од Чупино трејл и продолжува на десно, кон Плачковица и познатата чешма Бумбарска. Се преминува Виничка река ...

Дознај повеќе

CHUPINO TRAIL
2.09.2018

[wpcdt-countdown id=”26051″]

до почетокот на трката