Scroll Top
Чупино треил 32К 1800 D+

старт: 26.08.2023, 07:00 Градски парк Виница
должина: 32 km
искачување: 1800 m D+
симнување: 1800 m D-
временски лимит: 8ч
ITRA: 1
освежителни станици: 4
котизација: 1200 мкд

Чупино треил 32К 1800Д+

За разлика од претходните години овој пат патеката трпи повеќе измени со тоа што ќе биде пократка за 10тина километри и со околу 300м помалку искачување. Друга разлика е тоа што нема да се искачува врвот Лисец,  искачувањето до врвот Чупино ќе биде од страната на с. Липец,  а спустот од с. Блатец.

Стартот на трката е од градскиот парк во Виница на 370 м.н.в. и се движи покрај Виничка река се до м.в. Ширина од каде покрај метеоролошката станица се продолжува по патот за с Липец, на 6-тиот километар кај Бумбарска чешма ќе биде поставена и првата контролна точка и освежителна станица, патеката продолжува право во длабока букова шума со доста стрмно искачување по козја и техничка патека се до врвот Чупино каде ќе биде втората контролна точка. Од Чупино патеката се спушта до с. Блатец, на 400м под врвот, а на 11,5 км од стартот ќе биде втората освежителна станица на добро познатото Легало.

Од Блатец патеката продолжува назад кон с. Липец и ве води повторно до контролната точка кај Бумбарска чешма и ова е трета освежителна станица на 20км од стартот. Од овде следува истата патека како Бумбарска треил т.е преку Виничка река се трча до с Градец каде ќе биде поставена и последната контролна точка и освежителна станица, а потоа се искачува патеката до Шипоко по што следи финалниот  спуст до Виничкото кале и Виница, а последниот километар од патеката е по Виничкото “Корзо” се до целта во Градскиот парк.

Задолжителна и препорачана опрема:

 

Опрема Трка
Тринити ултра треил Чупино треил и Бумбарска треил
Стартен број, јасно видлив, прикачен на предниот дел задолжително задолжително
Сад за вода задолжително 1 литар задолжително 0,5 литри
Астро фолија задолжително препорачано
Свирче задолжително задолжително
Јакна водоотпорна /ветроотпорна задолжително препорачано
Вклучен мобилен телефон Задолжително задолжително
Капа/бандана

Енергетска храна, гел

Планинарски стапови

Прва помош

Препорачано

 

Натпреварувачите се должни да ја носат ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА​ опрема со себе во текот на целата трка. Организаторот има право да направи проверка на некоја од контролните точки.

За непоседување на едно парче од задолжителната опрема следуваат пенали од 30 минути,  за две следува дисквалификација.

стартни пакети:
  • Стартен број
  • Брендирана техничка (dry fit) маица
  • Храна и освежителни пијалоци во текот на трката
  • Финишерски медал
  • Подароци од партнерите на трката
  • Финишерски оброк
Награден фонд
  • 1во место – 6000 ден.
  • 2ро место – 4000 ден.
  • 3то место – 2000 ден.

CHUPINO TRAIL
27.08.2022

CHUPINO VERTICAL 2024

25.02.2024

0
Денови
0
Часови
0
Минути
0
Секунди

до почетокот на трката